Алкалоид на 100%, Аеродром ги остави бодовите во Автокоманда

АЛКАЛОИД - АЕРОДРОМ  42-28 (19-18)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Владимир Саздовски
АЛКАЛОИД: Галевски 3, Трајкоски, Џонов 2, Младеновиќ 4, Серафимов 4, Стојчевиќ, Стојковиќ 2, Ѓоргиев 1, Омерагиќ 1, Бинго, Кофилоски 9, Петковски 4, Д. Митев 3, Савревски 9
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 4 мин. 
АЕРОДРОМ: Богдановски, Пајкоски 3, Бучуковски 1, Мелоски 6, Митревски 4, Костов 3, Марковиќ, Павличковски, Олтовски 2, Стојановски 2, Трифуноски 2, Трајчевски, Василев, Анакиевски 3, Анѓелковски 2, Грујевски
Седмерци: 2/5 Исклучувања: 2 мин. 

Алкалоид ja продолжи победничката серија во македонската Суперлига и меѓу двата европски натпревари со данскиот Бјерингбро - Силкеборг. Вечерва гостин во Автокоманда беше екипата на Аеродром, а мечот заврши со победа на лидерот на табелата од 42-28. 

Гостите од Аеродром не беа инфериорни како можеби ќе се извлече заклучок од резулатот. Во првиот дел се играше главно резултатски израмнето. Алкалоид имаше контрола и имаше водство кое се движеше меѓу гол и два гола разлика, но во финишот во два наврати беше нерешено, а на одмор се замина само со еден гол разлика. 
На полувреме резултатот беше 19-18, а во вториот дел Алкалоид многу посериозно си ја сфати задачата и од резултат 21-20 со серија од 7-0 стигна до водство од 28-20 и потоа до крајот рутниски ја одработи средбата. 

Голманот Галевски, стрелец на три погодоци е за издвојување, исто како и Савревски и Кофилоски кои постигнаа по девет гола. Во гостинскиот состав Мелоски со шест погодоци беше најефикасен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk