Голманот Миклер го „уништи“ Е. Пелистер

ПИК СЕГЕД - Е. ПЕЛИСТЕР  34-26 (18-19)
Шоштариќ 9, Гарсијандиа 5 - Васиљев 5, Петар Атанасијевиќ 4, Радивојевиќ 4

Пик Сегед му го нанесе седмиот пораз на Е. Пелистер во Лигата на шампионите, вечерва во ПИК Арена во унгарскиот град Сегед. Македонскиот првак беше подобар во првиот, унгарскиот тим беше убедливо подобар во вториот дел и на крајот немаше резултатска неизвеснот. 

Најголем виновник за ваквиот епилог е голманот Роланд Миклер. Тој имаше 15 успешни интервенции, а бранеше малку подолго од едно полувреме. Само во вториот дел имаше 13 интервенции, а прими само 7 гола. 

ПИК Сегед не ја сфати сериозно улогата на фаворит и почетокот на натпреварот им припадна на битолчаните. Поведоа со 9-4 и 10-5 македонските ракометари, по што почна долгиот процес на враќање на унгарскиот вицепрвак. 
Намалија на 9-11 и 11-13, а на одмор за замина со резултат 18-19.

Во вториот дел, почна шоуто на Роланд Миклер. Сегед успеа по шест минути игра за премине во водство. Всушност од 20-21 до 27-21 домашните дојдоа благодарение на голманот, а Е. Пелистер повеќе од 11 минути немаше постигнато гол.
Потоа беше полесно за домашните, иако во еден момент Е. Пелистер повторно резултатски беше блиску (28-25). Но, се растураше играта на македонскиот тим кога ќе дојдеше моментот за реализација и на крајот средбата заврши со убедлива победа на домашниот тим. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk