Две „вардарки“ први влегуваат во Куќата на славните

Амандин Лејно и Александра Лакрабер се првите ракометарки кои ќе влезат во Куќата на славните која е актуелна од пролетва и е начин на кој Француската ракометна федерација реши да им оддаде почит на своите ѕвезди, било тренерски било играчки. 

Куќата на славните во Франција беше презентирана пролетва и веќе брои 15 членови. Меѓу нив се Џексон Ричардсон, Лик Абало, Жером Фернандез, Клод Онеста, Диде Динар, Тјери Омејер... 
Но, досега немаше ракометарки. 
Француската федерација денеска ги најави Лејно и Лакрабер како први дами што ќе влезат во славното друштво. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk