Кузмановски ќе дебитира веќе викендов?

Филип Кузмановски се одллучи за логичен чекор во својата ракометна кариера и неиграњето во Вецлар ќе го замени со настапи во Лигата на шампионите и македонската Суперлига. 

Трансфер сезоната во Македонија е затворена што се однесува на трансфери на играч од домашното првенство, но е отворена за ракометари што играат во странство.
Филип Кузмановски, како ракометар што не играл во македонското првенство треба да добие дозвола за настап и во Суперлигата, во последните четири кола и со late entry да заигра во Лигата на шампионите најрано на дуелот со Пик Сегед што ќе се игра следната недела во Битола. 
Треба во меѓувреме да се средат сите формалности со документацијата и сертификатот, па ќе видиме дали ќе дебитира на натпреварот со Вардар Неготино или на дуелот со ПИК Сегед. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk