Нова мисија за Огњановски и Савиќ

Младата македонска судиска двојка Марко Огњановски и Дамјан Савиќ е дел од ЕХФ Млади Судии односно еден чекор до добивањето на ЕХФ судиска значка. Веќе имаа успешни мисии во Полска, односно Отвореното Европско првенство што се игра во рамките на Партиле Куп, а сега добија нова номинација. 

Како дел од споменатиот проект ЕХФ Млади Судии, Огњановски и Савиќ ќе бидат дел од Локомотива Куп 2023, масовен турнир во машка конкуренција за ракометари од генерациите 2007, 2009 и 2011. 

Турнирот ќе се одржи во Брчко (БиХ) од 15 до 17 декември годинава, Савиќ и Огњановски се дел од шесте судиски парови што ги испраќа ЕХФ. Другите судии доаѓаат од Шведска, Литванија, Србија, Чешка и Словенија. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk