Нов мундијал на Блискиот исток?

Катар 2015 беше најдоброоранизираното Светско првенство во ракомет и постави една граница која Европа нема „никогаш“ да ја достигне,  повтори веројатно нема ни да ѝ се доближи. Единственото што на Катар му недостасуваше, беа полни трибините, сѐ друго во споредба со другите мундијали беше од друга димензија. 

Но, Катар 2015 можеби нема уште долго да биде најдоброорганизираното Светско првенство во ракомет. Неколку дена по завршувањето на Супер Глоуб стигнаа и најавите и шпекулациите од Блискиот исток. 

Според претседателот на Бунделигата, Уве Швенке една работа е сигурна. 

Саудиска Арабија ќе аплицира за добивање на Светско првенство во 2029 или 2031 година. 

СП во 2025 ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка, во 2027 во Германија. Следните две, 2029 и 2031 се слободни. Ако С. Арабија се реши да аплицира, а според Швенке тоа е готова работа, тогаш воопшто не се смневаме кој ќе биде победникот во трката за организација. 
Ако решат, пак, да се „мерат“ со тоа што Катар го направи во 2015, тогаш, можеби ќе имаме и нов победник во изборот на најдоброорганизирано Светско првенство. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk