Ангеловски: Ќе играме со „ранет“ лав

Е. Пелистер утре ќе го игра натпреварот од седмото коло во Лигата на шампиоте, а тоа го води во Унгарија, во градот Сегед каде што ракометен газда е ПИК Сегед.
Битолчани со новиот тренер Бранко Ангеловски, во исчекување за следното коло да им се приклучи и Филип Кузмановски ќе се обидат против Бомбач, Мартинс, Калараш итн. да стигнат до првиот бод во ЛШ сезонава. 
Таа мисија е тешко остварлива, Сегед има одличен состав, а ќе бидат и дополнително мотивирани и ќе се „вадат“ пред своите гледачи за поразот од Веспрем во дербито што се играше викендов.

По настпите во домашниот шампионат, одново доаѓаме во една друга реалност. Нашата екипа е конструирана за Лигата на шампионите и ни следи уште еден тежок натпревар. Можеме да бидеме задоволни со добрите игри, но не можеме да бидеме среќни, затоа што резултатите изостануваат. Се надевам дека со добра игра ќе дојде и тој посакуван резултат и таа победа во Лигата на шампионите. Одработивме добро и спремни сме за двомечот со ПИК Сегед. Знаеме дека гостуваме на тежок терен и пред жешка атмосфера. Но, за тоа ќе добијат реванш во нашиот храм, пред нашите верни навивачи. 

Ги знаеме нивните силни страни и ќе се обидеме да ја затвориме нивната транзиција и играта преку кружниот напаѓач. Имаме една дилема, а тоа е играњето на Цветан Кузманоски, кој веројатно ќе го пропушти овој натпревар.
Не треба да не залажува поразот од Веспрем, напротив, тоа треба да ни биде порака дека ќе играме со „ранет лав“. Знаеме дека може да играат „седум на шест“, можат да се трансформираат во одбрана од 6-0, во 5-1, но ќе бидеме спремни на сите нивни решенија“, започна предводникот на пелистерци.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk