ТРАНСФЕРИ: ПСЖ се разделува со Доминик Мате

Најбогатиот ракометен клуб во светот, паришкиот ПСЖ, летово ќе се раздели со десниот бек од Унгарија, Доминик Мате. 
Унгарецот дојде минатата сезона во Париз, но се повреди и до февруари беше не беше на теренот. Сега е во игра, но договорот нема да му биде продолжен и тој веќе е во потрага по нов клуб. 

Ќе биде особено интересно да се види како ќе игра ПСЖ на пазарот следната сезона, затоа што ќе се ослободат две места во тимот. Доминик Мате ќе ослободи позиција за десен бек, но многу повеќе пари за трансфер ќе им останат на парижаните со заминувањето на Никола Карабатиќ кој во јуни ќе ја заврши клупската кариера, а потоа со завршувањето на Олимписките игри и комплетно ќе се повлече од терените. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk