Алкалоид без домашни бодови, Силкеборг сигурен во „Јане Сандански“

РК АЛКАЛОИД - БЈРИНГБРО СИЛКЕБОРГ 23-31 (12-16)
Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Давор Лончар и Зоран Лончар од Хрватска. Делегат: Јан Рудински од Словачка
РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Трајкоски, Џонов 7, Маркоски, Младеновиќ 2, Серафимов 5, Стојчевиќ, Стојковиќ 3, Ѓоргиев 2, Велковски 2, Омерагиќ 1, Бинго 1, Кофилоски, Петковски, Д. Митев, Савревски
Седмерци: 3/8 Исклучувања: 4 мин.
БЈЕРИНГБРО - СИЛКЕБОРГ: Ловквист, Халбек 9, Илсо, Болдсен 4, Орис, Лауге 2, Лингард 2, Фриден, Богојевиќ, Тофт Хансен, П. Кристенсен 7, М. Кристенсен, Бјеринг 2, Солстад, Санд 2
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид вечерва во рамките на третото коло од EHF Европската лига беше домаќин на данскиот тим Силкеборг. По дуелите со Војводина и Ла Риоха, ова беше трет официјален меч на европската сцена на актуелниот македонски вицепрвак и прв, воопшто, на кој противник му беше екипа од Данска. 

Поискусниот гостински состав ги освои бодовите во „Јане Сандански“. Ја оправдаа улогата на фаворити, но и РК Алкалоид пружи квалитетен отпор и се бореше во текот на целиот меч. Имаше шанси низ натпреварот да направи и подобар резултат, но неискористените можности, промашените шутеви на крајот беа пресудни. 


Тренерот Кирил Лазаров не можеше да смета на сите расположливи сили, затоа што на спиоскот на долгорочно отустните Костадин Петров, Кристијан Симоноски и Аце Стојков, им беше додаден и Марко Митев. За него до последен момент не се знаеше дали ќе настапи, но на крајот беше донесена одлука да го пропушти денешниот натпревар. 



РК Алкалоид добро го отвори натпреварот и по нецели три минути водеше со 3-0. Но, данскиот состав покажа дека се работи за квалитетно друштво. Брзо се адаптираа на играта во која нивниот главен играч, Расмус Лауге беше чуван од Арно Бинго и по осум минути израмнија на 4-4. 
Во продолжението, РК Алкалоид пропушти неколку шанси, промаши седмерци и Данците ја преземаа резултатската контрола. 
Максималното воство на Бјерингбро-Силкеборг во првиот дел изнесуваше шест гола (14-8) во 25 минута, но се врати нашиот тим во игра, намали на 12-15, пред гостите да го постават конечниот резултат по 30 минути, 12-16. 

Во вториот дел се задржа истиот ритам на игра, со тоа што Силкеборг имаше предност од 4-6 гола разлика. 
Некаде околу 50 минута од мечот Алкалоид пропушти неколку шанси за намали на минус три и да ја врати резултатската неизвесност. Потоа стигна казната и Данците зголемија на 7-8 гола разлика и мирно го приведоа мечот до крајот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk