Алкалоид без Митев, Силкеборг без Сјостранд

Официјализирани се составите за денешниот натпревар од третото коло на Европската лига меѓу Алкалоид и Бјерингбро Силкеборг што ќе се игра во „Јане Сандански“ со почеток од 18:45 часот. 

Македонскиот вицепрвак ќе биде ослабен на овој меч затоа што Кирил Лазаров нема да може да смета на Марко Митев. Луцидниот плејмејкер заработи повреда на натпреварот со Е. Пелистер 2. Повредата не е сериозна, но е доволно за да го пропушти денешниот натпревар. 
Кирил Лазаров го најави и враќањето на пикерот Костадин Петров на теренот. Тоа зависи од одлука на докторите, но за овој меч нема зелено светло. 

Од другата страна, нема да видиме една од најголемите ѕвезди на данскиот тим. Голманот Јохан Сјостранд, шведскиот ас не е меѓу гостите од Данска. Тој ги пропушти последните четири натпревари на Бјерингбро-Силкеборг, а терминот за враќање на терен сѐ уште не е познат. 

Попладнево, во „Јане Сандански“ ќе ги гледаме следниве ракометари:

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk