Кузмановски пред преселба во Е. Пелистер?

Филип Кузмановски денеска го раскина договорот со екипата на Вецлар откако сезонава добиваше се помала минутажа за на крајот да дојде до момент да мора нешто да преземе за да го смени текот на настаните. Раскин на договорот со Вецлар е логична одлука, сега доаѓа следниот чекор, а тоа е изборот на новиот тим.

Неофицијално, следната дестинација на Филип Кузмановски ќе биде Битола, враќање во добро познатиот клуб и потпис за Еурофарм Пелистер. Од повеќе страни стигнуваат такви сигнали, иако засега нема официјална потврда. 

Со оглед на тоа дека годинава нема играно европски натпреварувања, ако се реализира овој трансфер, Кузмановски би можел да биде на располагање на Бранко Ангеловски и за натпреварите од Лигата на шампионите и тоа уште годинава. Според регулативите на ЕХФ, Е. Пелистер би можел да го пријави најрано за натпревар од осмото коло, а пријавата мора да биде доставена до 20 ноември. Потоа постоа можност за деветтото коло со пријава до 27 ноември, уште една шанса за настап во 2023 е до 4 декември, а следните пријави, за последните четири кола се однесуваат за натпреварите што ќе се играат во февруари. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk