Алкалоид денеска против Силкеборг во Европската лига

Денеска ќе се игра натпревар кој ќе си најде свое место во клупската историја на македонскиот вицепрвак Алкалоид. 
Нашиот претставник во ЕХФ Европската лига, во „Јане Сандански“ попладнево ќе се сретне со данскиот тим Бјерингбро - Силкеборг, во третото коло од групната фаза на Европската лига.

Гостите сезонава се подновени со данската мега ѕвезда Расмус Лауге, ракометарот кој и даде 10 гола на Франција во финалето на СП во јануари годинава и ја одведе Данска до третото последователно мундијалско злато. 
Во нивниот состав има уште неколку познати имиња, а со каков ростер Финецот Патрик Вестерхолм ќе излезе на паркетот во Скопје, а и кои играчи Кирил Лазаров ќе ги има на теренот, ќе се знае за еден час кога ќе бидат официјализирани составите. 

Натпреварот почнува во 18:45 часот. Директен ТВ пренос ќе има на МТВ3 и на ТВ Спорт Арена 2. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk