Раскинаа Кузмановски и Вецлар

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски и бундеслигашот Вецлар спогодбено ја раскинаа соработката и тој веднаш станува слободен играч. 
Македонскиот ракометар побарал од клубот да биде ослободен од обврските незадоволен од начинот на кој неговата кариера се движеше во овој германски тим. Клубот се согласил и денеска ја информираше јавноста за прекин на соработката што стапува на сила веднаш. 

Филип Кузмановски најави дека ќе се врати во Македонија, но неофицијално информираше дека нема донесено конечна одлука во која екипа ќе ја продолжи кариерата. 
Во Македонија, лесно да се изведе заклучок, клубови кои би можеле да го ангажираат има само три. Тоа се Е. Пелистер, Алкалоид и Вардар 1961. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk