Ѓ. Петров со гостинска победа во ЕХФ Европскиот Куп!

ЕЈУПЕН - Ѓ. ПЕТРОВ 39-46 (19-23)
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Кицеска, Чурлиновска, Коларовска 10, Ѓоргиевска 1, Е. Божиновска, М. Јанкуловска 4, А. Јанкуловска 6, И. Божиновска 3, Ризоска 7, Николовска 9, Дамјаноска 5, Николиќ 1

Единствената женска екипа од Македонија која опстана во Европските купови, екипата на Ѓ. Петров има големи шанси и Новата година да ја почне како учесник во Европа, како дел од 16 најдобри во ЕХФ Европскиот Куп. Нашиот претставник на првиот меч од третото коло со белгискиот тим Ејупен убедливо победи на гостински терен и пред реваншот што на 19 ноември ќе се игра во Скопје има драгоцена предност. 

Македонскиот тим подобро стартуваше на денешната прва средба и по пет минути игра имаше водство од 5-2, но домашниот состав не дозволи да се одлепат резултатски ѓорчепетровки и во десеттата минута беше нерешено 6-6.
Дамјаноска и Ангела Јанкуловска постигнаа погодоци со кои македонскиот тим се врати во водство (9-7), а во периодот што следеше, разликата од два до три гола остана актуелна сѐ до 24 минута. Потоа македонскиот состав одново влезе во подобар ритам и поведе со 21-16 (26 минута).
Полувремето заврши со четири гола предност за македонскиот состав (23-19). 

Домашниот состав притисна на почетокот на второто полувреме. Тој блиц-криг им донесе краткотреаен резултат и успеаја да стигнат до минимална негатива 23-24, по само пет минути игра во продолжението. Но, избраничките на тренерот Симе Симовски, иако само 12 на број во ростерот, собраа сили да се одбранат и по 25-24 со три гола по ред ја вратија предноста од полувремето (28-24). 

Потоа одново се играше по нотите на македонскиот состав. Највисоката предност од шест гола, Ѓ. Петров ја запиша во 42 минута, а стрелец на голот за водство од 34-28 беше Емилијана Ризоска. 
Голови се редеа на двете страни, но разликата остана меѓу 4 и 6 гола. Ѓ. Петров границата од 40 погодоци ја мина во 55 минута со гол за водство од 41-36. Коларовска со два гола по ред донесе максимални плус осум (44-36). 
Конечно, семафорот престана да брои при резултат 39-46.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk