Сигурни победи на Охрид и Вардар

ОХРИД - КУМАНОВО  33-25 (19-9)
Шипинкоски 5, Бојаниќ 5 - Уча 7, Даневски 5(4), Симоноски 5

Се ближи крајот на есенскиот дел од шампионатот во кој сите суперлигашки 16 екипи играат поделени според ждрепката. Остануваат уште четири кола по кои ќе бидат поделени по квалитет и остварените резултати во есенското првенство.

Вечерва се играа дуели во Охрид и во Скопје. Охриѓани кои ќе играат во Плејоф го совладаа Куманово кое ќе игра во Плејаут, речиси сигурно. 
Мечот решен по 30 минути по кои охриѓани водеа 19-9 и останаа во трка за второто место кое носи два бода на салдо во пролетниот дел од шампионатот. Во оваа група наскоро доаѓаат двата клучни натпревари, а тоа се гостувањето на Тиквеш во Охрид и гостувањето на Алкалоид во Кавадарци по што сите прашања за врвот ќе бидат одговорени. 

ТИНЕКС ПРОЛЕТ - ВАРДАР 1961   24-28 (10-17)
Андоновски 5, Димковски 5, Арсеновски 5 - Лазаревски 6, Петриќ 5, Ѓукиќ 5

Во Скопје, екипата на Т. Пролет имаше сили да одигра рамноправен резултатски натпревар, но немаше сили да направи подвиг против Вардар.
Црвено-црните во вториот дел од првото полувреме го прекршија резултатот и од резултат 7-7 направија 10-3 и на одмор заминаа со водство од 17-10.
Во второто полувреме гостите го контролираа резултатот, а Т. Пролет во финишот успеа да намали и на само три гола негатива (23-26), пред Вардар да ги постигне последните два и да се одвои на безбедна дистанца. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk