ТРАНСФЕРИ: Неагу уште една година во истиот дрес

Најдобрата и најскапата романска ракометарка, Кристина Неагу и ЧСМ Букурешт успеаја да се договорат за продолжување на договорот за уште една сезона. 
Фановите на ЧСМ можат да здивнат, единствениот играч кој четири пати бил прогласуван за играч на годината според ИХФ и покрај најавите за измените за заканот за спорт со кој примањата можат значително да им се намалат, ќе остане во Романија. 
Кристина Неагу во Романија се врати во 2017 година и оттогаш е дел од ЧСМ и постојано е земана за пример или репер за тоа колку се заработува во женскиот ракомет во најскапата лига во светот. Годинава преговорите беа условно кажано најнеизвесни, но на крајот завршија како што се очекуваше. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk