АКО НЕ ЗНАЕВТЕ: Кој е најстариот клуб во француското првенство?

Иако светската слава ја доби откако во клубот почнаа да се влеваат милиони од катарските сметки, ПСЖ воопшто не е „младич“ во првенството. Напротив, тоа е најстариот клуб во најсилната француска лига. ПСЖ, односно клубот Асниес Спортс кој по низа трансформации низ годините стана ПСЖ е формиран во 1941. 
По него следат Дижон (1942) и Иври (1947), додека Нант кој годинава слави 70 години е формиран 1953. Уште еден клуб кој изгледа „младолико“ а веќе ближи кон 70тиот роденден е Ек Прованс, формиран 1955 исто како и Данкерк. 
За споредба, единствениот француски клуб што станал европски шампион, Монпеље е тинејџер во однос на споменатите екипи и е формиран 1982. Најмладиот клуб во Стар лигата е Лимож, формиран 2005 година.  

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk