ТРАНСФЕРИ: Кавалканти си оди од Нант, доаѓаат Габер и Абди

Португалскиот лев бек Александре Кавалканти ја информирал екипата на Нант дека нема да ја активира клаузулата за дополнителна година, што значи дека во јуни ќе стане слободен играч, објави Л'Екип. 
За Португалецот се заинтересирани ПСЖ, Пик Сегед и германските екипи Мелзунген и Рајн Некар. 

Парлелно со ова, Нант најверојатно ќе се засили со одличниот десен бек од Алжир, Ајуб Абди кој игра во Тулуз и игра во два правца. 
За дополнителна сигурност во одбраната, Нант го контактирал и словенечкиот дефанзивен пикер Матеј Габер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk