Лекиќ блиску до клубот „1000“

Поранешната ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ е блиску до постигнување на јубилеј каков што досега прославиле само три ракометарки. 
Андреа Лекиќ во Лигата на шампионите има постигнато 986 погодоци и ѝ недостасуваа само уште 14 гола за да влезе во клубот „1000“ каде што свое место веќе имаат Анита Гербиц (1016), Кристина Неагу (1060) и првиот стрелец, ракометарка која исто така е поранешна членка на Вардар, Јованка Радичевиќ која досега има постигнато 1098 погодоци. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk