РК Е. ПЕЛИСТЕР 2 - РК АЛКАЛОИД 31-36 (16-22)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски. Контролор: Драган Начевски
РК Е. ПЕЛИСТЕР 2: Штаковски, Маркоски 3, Талевски 4, Ристевски 4, Митревски 7, Мирчески, Младенов, Димовски, Печурица, Трпчевски 4, Калајџиоски, Ивановски 1, Белистојаноски 4, Југовски, Мијушковиќ, Хаџиќ 4
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Галевски, Џонов 4, Маркоски 1, Младеновиќ 2, Серафимов 8, Стојковиќ 6, М. Митев, Ѓоргиев 4, Велковски 1, Омерагиќ 1, Бинго 4, Петковски 2, Д. Митев, Савревски 3
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 6 мин.
Низата победи на актуелниот вицепрвак Алкалоид продолжи денеска на гостински терен кај Е. Пелистер. Алкалоид ја запиша десеттата победа од исто толку натпревари и дојде на уште еден чекор понапред кон освојувањето на првото место во групата.
Алкалоид од стартот ја имаше контролата во свои раце. Поведе 3-0, 7-3 во период во кој Серафимов (3) и Савревски (2) двата левораки бекови постигнаа повеќе од пола голови.
Домашните најчесто преку Алем Хаџиќ кој беше и реализатор на седмерците се обидуваа да парираат, но негативата полека се зголемуваше, па Алкалоид поведе и до пет гола разлика (17-12). На полувреме беше 22-16.
Во вториот дел Алкалоид константно имаше предност, а домашниот состав само во два наврати успеа да намали на три негатива, но без реални шанси да брка пресврт.
Марко Стојковиќ имаше одлична партија и постигна шест гола за победничкиот тим, додека прв стрелец беше Мартин Серафимов.
Во екипата на Е. Пелистер, Христијан Митревски со седум погодоци беше најдобриот стрелец.
До крајот на есенскиот дел и поделбата на екипите во Плејоф и Плејаут, остануваат само уште четири кола.
Поврзани вести