Дутра и Капоте направија трансфери во ист тим

Се ближи стартот на Азискиот клупски шампионат, а тоа е знак за екипите учеснички од Блискиот исток да почнат да купуваат ракометари од сите страни на светот. 
Веќе споменавме дека Кадсија од Кувај го ангажираше Косуке Јашихира од Вардар, а денеска го ангажираа и Естонецот Карл Том кој игра на позиција лев бек. 
Најактивен на пазаот е Ал Араби од Катар. Тие веќе ги купија петте странци колку што е дозволено (четворица можат да бидат во игра во исто време). 

Леонардо Дутра, Рафаел Капоте, Александер Петерсон, Абдулрахман Тарик и Омар Ал Фули се петте нови засилувања во редовите на Ал Араби. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk