Стенмалм си замина од Келце

Плановите на Келце да ги ангажира најдобрите млади ракометари низ цела Европа, а потоа да ги позајмува и да ги има под свое, не одат во правец каков што во теорија требаше да бидат. 
Почнувајќи од Пеливан, Фарук, Додиќ, Јагањац... полскиот тим (досега) не виде некоја особена корист од договорените млади потенцијали. 

Најново е дека од полскиот тим си замина и Елиот Стенмалм. Шведскиот ракометар дојде во Полска како најдобар лев бек и најдобар стрелец на М19 ЕХФ Еуро во 2021. 
Но престојот во Полска му беше одбележан пред сѐ со повреди и неупешна битка да се наметне како стартна солуција кај Талант Душебаев. 
Во продолжението на сезоната, Стенмалм ќе игра за екипата на Истад во родната Шведска.

Келце, пак, денеска стана првиот полуфиналист на 17 издание на Супер глоуб, по победата над Сан Франциско (49-23).

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk