Келце едвај излезе на крај со Ал Најма

Финалистот на Лигата на шампионите, полскиот клуб Келце едвај и тоа со пресврт во последната минута успеа да ја совлада екипата на Ал Најма од С. Арабија во првото коло, првиот натпревар на Супер глоуб. 
Домашниот клуб се покажа како тврд орев. Да нема заблуди, во оваа екипа нема скапи европски ѕвезди. За разлика од Келце кој настапи комплетен, односно со Андреас Волф, Алекс Душебаев и Симон Сичко кои беа повредени. 

Токму со двата гола на Симон Сичко во 59 и 60 минута Келце успеа да направи пресврт и од 25-26 во 58 минута да стигне до победа од 27-26  и да ги освои првите бодови. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk