Посебни почести за Никола Карабатиќ, каде и да игра

Никола Карабатиќ, можеби најдобриот ракометар во историјата, ја игра својата последна сезона. Легендарниот француски репрезентативец со балканско потекло, каде и да се појави добива посебни почести. 

Така беше и викендов во еден од најголемите француски ракометни центри - Шамбери. Тоа беше мошне веројатно последното појавување на Никола Карабатиќ како играч во Шамбери, па иако никогаш во кариерата не го носел дресот на овој клуб, капитенот на домашниот клуб во името на клубот му подари дрес од клубот со број 73 (бројот на освоени пехари) на Никола, означувајќи го натпреварот и целото првенство како проштална тура на Никола Карабатиќ. 

Никола Карабатиќ на 14 февруари прв и последен пат ќе настапи, во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. 
Можеби не е лоша идеја и Е. Пелистер и домашната публика да го одбележат моментот кога еден од најголемите играчи игра за последен е пат во живо како активен играч во нивната сала и посебно да го испочитуваат тој момент. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk