„Најдобрата“ најави крај на кариерата

Една од најдобрите светски ракометарки, Стине Бредал Офтедал најверојатно ја игра својата последна сезона. Таа е ракометарка на унгарскиот тим Ѓер, нејзиниот договор истекува во јуни 2024 и нема потпишано нов договор. 
Образложението на Ѓер кој деновиве ја состави својата екипа за следната сезона е дека Офтедал планира да се пензионира. По двата неуспешни обиди да освои злaто на ОИ (има сребро и бронза), Офтедал во Париз ќе оди по трета среќа и потоа ја завршува кариерата. 
Норвежанката има медали од сите големи натпреварувања. Има три злата од СП, пет од ЕП и двапати ја освојувала Лигата на шампионите на клупски план. 

Ако не знаевте: Стине Бредал Офтедал е сопруга на германскиот репрезентативец и ракометар на Кил - Руне Дамке.

Ако не знаевте: Стине Бредал Офтедал е постара сестра на Хана Бредал Офтедал, исто така норвешка репрезентативка која во 2019 ја заврши кариерата поради повреда. Хана е сопруга на ракометарот Сандер Сагосен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk