За утре е предвиден кам бек на Андреас Волф

Еден од најдобрите светски голмани, германскиот репрезентативец Андреас Волф е повикан и тренира со германската репрезентација која утре и задутре ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата на Египет. 

Андреас Волф со недели е надвор од теренот поради повреда (диск хернија) и рехабилитацијата оди полека. Тој досега нема настап за Келце во Лигата на шампионите, но во договор токму со полскиот клуб, ако се чувствува добро и нема болки, би можел против Египет да добие десетина минути на терен. 

Силвио Хајнефетер (Штутгарт) и Давид Шпет (РНЛ) се двајцата голмани на кои вистински ќе се потпре селекторот Алфред Гисласон. Но, тој вели дека доколку Андреас Волф комплетно заздрави и биде спремен, тогаш тој ќе биде првиот избор за Европското првенство во јануари.
Македонија и Германија ќе се сретнат во второто коло од ЕП, на меч во „Мерцедес Арена“ во Берлин, пред предвидени 15.000 гледачи. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk