Творецот на ракометниот Катар доби(ва) отказ!

Тренерот кој според дожината на стажот во една репрезентација е на второто место во моментов добива отказ. Дали знаете кој тренер најдолго е на клупата на национален тим во моментов?

Валеро Ривера, легендарниот шпански тренер веќе нема да биде селектор на Катар, објави еминентен катарски ракометен новинар. Информацијата сѐ уште е неофицијална, но веруваме дека во брзо време ќе биде официјализирана.

Валеро Ривера во својата кариера водел само три екипи! Беше тренер на Барселона цели 20 години, од 1983 до 2003, а потоа од 2008 до 2013 селектор на Шпанија. 
Во 2013 стана селектор на Катар со мисија да го реорганизира целиот ракомет во државата во пресрет на ракометниот мундијал во 2015. Ривера го однесе Катар до финалето на мундијалот во 2015 и потоа остана на кормилото на оваа репрезентација.

Минатата недела се одржаа квалификациите за Олимписките игри во Париз 2024 на кои домаќин беше Катар. Во полуфиналето, Бахреин ги изненади и комплетно ги исфрли од трката за ОИ. 

Договорот на Валеро Ривера со Катар беше до завршувањето на Олимписките игри во Париз, но ќе биде порано направена смената. 
Негов наследник би требало да биде Горан Ѓокиќ, српски тренер кој работи во Ал Духаил. 

Валеро Ривера на клупата на Катар е од 2013 година, цели 10 години и тоа е во моментов втор по должина непрекинат селекторски работен однос. 
На првото место е Јуриј Шевцов. Тој е селектор на Белорусија од 2010 година. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk