Костески: Животна желба ми беше да играм заедно со брат ми за Македонија

Никола Костески по шест години пауза повторно доби повик да игра за репрезентацијата. Десното крило на чешкиот тим Плзењ за оваа покана вредно работеше минативе две сезони, а годинава во моментов е и најдобар стрелец во нивниот шампионат, остана забележан во нотесот на селекторот Кирил Лазаров. 

Никола Костески игра на истата позиција со неговиот помлад брат и еден од најголемите македонски таленти, Ненад Костески. За прв пат на истата позиција ќе имаме двајца браќа. 

„Животна желба ми беше да играм заедно со брат ми во репрезентацијата“, вели Никола. „Сега сме овде двајцата во тимот. Играме на иста позиција, но не го гледам ова како конкуренција. Ние сме тука, спремни да помогнеме на репрезентацијата, не е битно кој ќе биде на терен, битно е тој што на денот ќе биде поспремен, подобар да го дава максимумот на теренот. Не ми е важно кој кога е во прашање Македонија“, изјави Никола Костески.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk