-
30.10.2023
-
Вести, Актуелно
Селекторот Кирил Лазаров со денешната прозивка отвори ново поглавје во македонската сениорска репрезентација. Во предигра на подготовките за настапот на ЕП, Македонија ќе одигра два контролни натпревара со екипата на Грција.
„Повикав 22 играчи на овој собир на ЕХФ неделата, во која ќе немаме официјален натпревар, но затоа имаме пријателски мечеви. Ќе пробаме максимално да ја искористиме оваа недела и за тренинзи, но и видиме до каде сме со формата и со натпреварите.
Имаме сериозен противник, тим што е во подем. Тоа е репрезентацијата на Грција, која е учесник на ЕП, каде што сме и ние.
Повикав повеќе ракометари, тука е Милан Лазаревски кој го заслужува повикот, еве повеќе време во дресот на Вардар пружа одлични игри и тоа на квалитетни натпревари и тоа во квалификациите за Европската лига против РНЛ, потоа во мечевите против Пелистер.
Тука е и постариот Костески кој што е најдобар стрелец во првенството на Чешка. Секако дека заслужува да му се даде шанса. Тој е на местата на нашата легенда Гоце Георгиевски. Тој е тука заедно со неговиот брат Ненад, кој што е голем потенцијал.
Сакам да пробам уште неколку играчи. Да, списокот е подолг, секако дека ќе се скрати на 17, можеби и 19 играчи, на кој што ќе сметам на Европското првенство. Тука има и резерви.
Ракометот е доста е тежок спорт со многу контакти. Сакам да кажам дека и резервните играчи треба да бидат спремни во секој момент ако се случи некоја повреда или нешто, да одговорат на тоа што го бара националниот тим од нив.
Ќе пробаме да ги искористиме овие денови максимално, да пробаме да се спремиме на она што не очекува на ЕП. Се надевам дека ќе имаме добри подготовки. Ни значи секој ден. Ќе нема да има некој интензитет на нашите тренинзи, ќе пробаме да дадеме важност на нашиот напад, нашата контра, нашето враќање назад“, изјави селекторот Лазаров.
Што се однесува до формата и минутажата на нашите репрезентативци, Лазаров вели:
Мислам дека доста треба да за разговара на тоа прашање, но тоа е тоа. Тоа е тоа што го имам. Јас е надевам дека, со оглед на тоа дека ние сме мала земја, по клубовите, посебно по македонските клубови, репрезентативците ќе добиваат поважна улога не само на послаби натпревари, туку и на посилни.
Тоа ни е битно за националниот тим.
Но реков, што е тука е, ќе ја видиме моменталната ситуација и ќе пробаме до периодот што следува до 21 декември каде што ќе биде нашиот прв собир за ЕП, да пробаме нешто и со нашиот кондициски тренер, со нашиот медицински тим да да им даде нешто дополнително да работат. Да можат колку толку да надополнат таа минутажа што ја немаат посебно на квалитетни мечеви на тие нивни клубови.
Ние немаме што ни многу да коментираме на оваа тема нешто повеќе.
Направивме да кажам комплетна смена на генерацијата, останува Николче Митревски кој што заслужува повик иако е во години. За мене нема стари и млади, за мене има добри и лоши играчи. Уште имаме 2-3 играчи над 30 години кој што не се стари играчи, тоа се играчи кои што се во вистински години кои што можат да придонесат уште за оваа национална селекција.
На местото на Ице Соколески на позицијата тренер на голманите е Нино Павелиќ. Тој е познат хрватски стручњак. Беше помошник на Хорват во хрватската селекција.
На прашањето, односно најавите дека и Стоилов би можел да биде приклучен кон стручниот тим, селекторот рече:
„Столе Стоилов секогаш има отворена врата, кога и да сака, кога и да посака. Јас говорев со него, има обврски во својот клуб. За него секогаш местото е отворено во националната селекција.
Поврзани вести