Вести: Како бил во ринг со Нгану, но основ за казна - нема

Капитенот на Целје, Жига Млакар на првенствен меч заработи фрактура на вилицата и јаболчна коска, истота така повреда на синусот и скршен заб од еден единствен дуел за кој немало ни две минутна санкција. Целје реагираше до федерацијата (РЗС) и преку социјалните мрежи и доби одговор од РЗС. 
Снимката е анализирана од повеќе стручни лица и не може да се утврди намера. Се работи за несреќен случај во кој напаѓач се судрил со дефанзивец - велат од словенечката федерација и затоа не можат да казнат недолжен играч. 

Плејмејкерот на Хановер, Мариан Михалчик мора да оди на „магнет“ за да ја провери состојбата на стапалото. Германскиот репрезентативец обнови стара повреда поради која имаше подолга пауза во 2021. 
На неговото место за дуелите со Египет е повикан Нилс Лихтлен (21) од Берлин. Тој е најдобриот играч на У21 мундијалот на кој Германија освои златен медал.  
Германија е противник на Македонија на ЕП 2024 во групната фаза, на меч што ќе се игра во Берлин. 



​Михал Јурецки, легендарниот полски ракометар пред не повеќе од 10 дена официјализираше дека ја завршува играчката кариера. Тој веќе има нова функција, стана спотрски директор на полскиот шампион Келце. 



Светската ракометна федерација (IHF) ги номинираше судиите за претстојното женско Светско првенство што следниот месец ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка. 
На списокот нема ниту еден судиски пар од Македонија. Ни меѓу номинираните, ниту меѓу резрвните парови. 



Фуксе Берлин го загуби првиот бод во Бундеслигата и сега е само на два бода плус од Магдебург и три од Мелзунген. „Лисиците“ одигра нерешено со Гумерзбах (30-30) како гости, а како капак на сѐ им се повреди и голманот Виктор Киреев и нема да биде оспособен навреме за да настапи за Супер Глоуб во Саудиска Арабија. 



Германскиот тим Хутенберг, член на втората Бундеслига успеа навреме да собере 400.000 евра и да избегне банкрот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk