Јашухира со 10 гола ја одведе Јапонија на ОИ Париз 2024

Јапонскиот плејмејкер Косуке Јашухира постигна 10 гола од 11 обиди (5/5 од седмерци) во финалето на азиските квалификации за Олимписките игри во Париз 2024, турнир што се одржа во Доха, Катар.
Вардаровиот самурај беше најкорисниот играч на натпреварот, а репрезентацијата на Јапонија го совлада Бахреин 32-29 и обезбеди директен пласман на Олимписките игри во Париз. 
Бахреин ќе продолжи во дополнителните квалификации заедно со европските, африканските и пан американските екипи. 

Клучен за победата на Јапонија беше периодот по 23 минута кога од 12-12 направија серија од 6-1 и поведоа со 18-13 на полувреме. 
Бахреин се врати во вториот дел намали на 18-19, но и се истроши во тие 10 минути, по што следеше нова серија од 5-1 на Јапонија со што го заверија својот настап на Олимписките игри следната година. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk