Блесна Галевски, Алкалоид го доби дербито со Охрид

АЛКАЛОИД - ОХРИД  30-24 (15-12)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Контролор: Камер Металари
АЛКАЛОИД: Галевски 1 (17 одб), Џонов 2, Младеновиќ 2, Маркоски, Серафимов 6, Стојчевиќ, Стојковиќ 1, М. Митев 5, Ѓоргиев 2, Велковски 2, Омерагиќ, Трајкоски, Бинго 6, Петковски 1, Д. Митев, Савревски 2
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 6 мин. 
ОХРИД: Бркиќ, Ѓорѓески, Ојлески, Андоноски, Стоилевски, Дрогришки 1, Шипинкоски, Д. Андоноски 1, Тасески 3, Сафранко 2, Кукоски, Крстевски 2, Шешиќ, Орјоникидѕе 6, Бојаниќ 6, Цирар 3
Седмерци: 2/3 Исклучуваеа: 8 мин. 

Младиот голман Иван Галевски го украде вечерашното поу во Автокоманда, а Алкалоид ја оправда улогата на фаворит и ја запиша деветтата победа од исто толку одиграни натпревари во првата фаза од Суперлигата. 

Вечерва во дерби мечот со ГРК Охрид, еден од најсилните екипи во домашниот шампионат, Алкалоид славеше победа од 30-24 и остана единствената непоразена екипа во домашниот шампионат. 
Домашниот тим ја презема контролата врз играта кратко по почетокот на натпреварот откако по 3-4, премина во водство од 6-4 .  

Иван Галевски во одбраната, а во напаѓачката формација, Арно Бинго успешно ја користеше својата брзина и луцидност и постигна неколку ефектни погодоци и то во важни моменти. Охриѓани пружија силен отпор, но и грешеа премногу. Грешеше за волја на вистината и домашниот тим и тоа во серија, но во корист на сините беше резултатот. 

Резултатот по водството од 6-4 отиде на плус три  (10-7), а тие три гола разлика беа актуелни и на полувремето (15-12). 
Во вториот дел во воведните минути се играше гол за гол, а потоа домашниот состав ја зголеми разликата на четири гола (24-20), потоа беше и 27-21 за натпреварот да заврши со победа од 30-24. 




 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk