ВЕСТИ: „Гласот на Германија“ е ракометен голман

Една од најголемите (млади) ѕвезди во моментов, Данецот Симон Питлик е повреден и веројатно нема да се врати во игра до крајот на годината. Неговиот настап на ЕП 2024 е доведен во прашање. Селкторот Николај Јакобсен за неделата на ЕХФ го одбра Ласе Андерсон од Берлин на неговото место. 

Романската екипа Влчеа и норвешкиот тренер и аналитичар Бент Дал се договорија за продолжување на соработката за уште три години. 

Германскиот тим Мелзунген, по (само) вториот пораз сезонава (од Берлин) по што падна на третото место на табелата, најверојатно ќе го ангажира норвешкиот плејмејкер Синдре Ахо (26). Тој е играч на Драмен и треба да биде вистинската замена за Андре Гомеш кој на почетокот на сезоната замина за С. Арабија. 
Мелзунген се активираше и околу ангажманот на Арон Менсинг од ГОГ. 

Три кандидати има за организатор на женското ЕХФ Еуро во 2026. Турција настапува како самостоен кандидат, а другите се Чешка / Полска односно Романија / Словачка. 

Данскиот тим Есбјерг го продолжи договорот со норвешката репрезентативка Сана Солберг за уште две години. Таа останува во тимот до 2026 година. 

Голманот на германската регионална екипа Феникс, Наоми Ембијеја е најголемата ѕвезда на германското шоу „Гласот на Германија“ . Погледнете го видеото од нејзиниот настап. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk