Веспрем триумфално низ Барселона! Митревски одбрани победа на Порто

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски со 13 одбрани го предводеше Порто до минимална победа на домашен терен над екипата на ГОГ. 
Благодарение на одбраните на македонскиот голман, Порто успеа од негатива од 16-21 да направи пресврт и да стигне до победа. 

ПОРТО - ГОГ  32-31
БАРСА - ВЕСПРЕМ  36-41
ПСЖ - КИЛ   28-34
ВИСЛА - ЦЕЛЈЕ  30-25
СЕГЕД - ЗАГРЕБ  27-26



Новиот договор со тренерот Карлос Ортега, Барса го „прослави“ со првиот пораз сезонава. И тоа на домашен терен и тоа со 40 примени голови. Прв пат во историјата примаат повеќе од 40 гола на домашен терен.
Овој натпревар (одлично) го судеа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. 
По шестото коло од Лигата на шампионите веќе нема непоразени екипи. Веспрем денеска одигра партија за паметење и ги откри и покажа слабостите на оваа екипа на Барса. 
Каталонците ја играа својата игра и тоа им одеше релативно добро, сѐ до финишот на првиот дел. Сепак, со централен бек од 17 години, Барса колку и да има разработен систем нема да може да ги победи сите. Веспрем денеска имаше ширина, имаше ротација и постојано го држеше висок ритамот. Не грешеше многу и не ги разбрани голманите на противникот. 

Кон средината на вториот дел, Барса почна да ги забрзува нападите во обид да стигне минус три-четири разлика, но и за тоа имаше решение унгарскиот тим. На крајот и пресинг почнаа да играат каталонците, но освен серија од 3-0 со која намалија од седум на четири гола и од тоа немаше фајде. 

На крајот уште и малер за домашните, се повреди Дика Мем. Се чини како повреда на листот на десната нога, барем гестикулацијата.

На другите натпревари, Кил го совлада ПСЖ и тоа како гостин со шест гола разлика. Скипаготу и Рајнкинд со по седум гола беа творците на овој триумф на зебрите. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk