Шок во Доха: Нема ОИ за Катар!

Домаќинот на азиските квалификациите за ОИ, репрезентацијата на Катар нема да биде дел од Олимписките игри во Париз 2024. 
Денеска во полуфиналето, репрезентацијата на Бахреин го шокираше тимот на Валеро Ривера и ќе игра во големото финале. 

Бахрен го контролираше резултатот се до 57 минута кога Катар прв пат израмни на 28-29, потоа и 29-29. До тој момент, Бахреин имаше константно водство, а во последните десет минути од средбата влезе со предност од четири гола.
Во последната минута Бахреин постигна гол за водство од 30-29 и тоа беше конечниот резултат.

Обединетите Арапски Емитрати каде што селектор е Данило Брестовац го освоија осмото место на турнирот откако денеска беа поразени од селекцијата на Кувајт. 

Вечерва во второто полуфинале се среќаваат Јапонија предводена од вардаровиот бек Косуке Јашухира и репрезентацијата на Јужна Кореја. 
Победникот на турнирот ќе се пласира на Олимписките игри, финалистот ќе игра во дополнителните квалификаци. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk