Египет подобар од македонските кадети

ЕГИПЕТ - МАКЕДОНИЈА 35-21 (22-10)

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска беше убедливо поразена од екипата на Египет во првото коло од Трофеј Карпати што се одржува во Романија. Египтетскиот младински ракомет е еен од најдобрите во светот, а разликата во квалитет се покажа и на денешниот меч. 
Првенствено физички посилни, египетските ракометари успешно ги добиваа дуелите еден на еден, а нивната одбрана полесно се справуваше со македонскиот напад. 
Особено видливо на почетокот, Египет поведе со 9-3 и 12-4, а на полувреме беше 22-10. 
Македонија намали на 16-24 во првата половина од вториот дел, а потоа влезе во лош период во кој Египет направи голема серија од 9-0 и поведе со 33-16. 
Но, позитивна особина на нашиот тим беше што и покрај резултатот немаше предавање и се бореа до последниот момент, имаше и добра транзиција и голмански одбрани на крајот намалија малку од големата негатива за конечни 21-35. 
 
Но, во одбрана на нашите кадети, имаме неколку аргументи.  
Ова е само прв меч на оваа генерација и веруваме дека со искуството ќе дојдат и подобри резултати. На овој меч настапуваме некомплетни без еден од лидерите на тимот.
Најсилниот аргумент, сепак, е дека ова е всушност јуниорски турнир и играат и за генерација-две повозрасни ракометари, а тоа во ваква конкуренција е голема разлика. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk