Е. ПЕЛИСТЕР - КЕЛЦЕ 21-24 (8-14)
Малку недостасуваше дебито на Бранко Ангеловски на клупата на Е. Пелистер да биде крунисано со бод против некогашниот европски шампион, а и годинава кандидат за истата титула, полскиот Келце.
На крајот, ќе си земеме слобода да кажеме, дека судиите Боричиќ и Марковиќ со досуденото (сомнително) исклучување на Васиљев на пет минути до крајот и недосудениот фаул врз Тајник во последниот напад директно кумуваа на победата на Келце, исто како што вчера Летонците Черновскис и Богдановс и подарија бод на Ла Риоха против Алкалоид.
Келце мошне веројатно и така и вака ќе победеше, но останавме покуси за тоа, „што ако...“
Не велиме дека имаме впечаток дека имаме многу послабо судење откако се случија промените во судиската организација на ЕХФ, времето и настаните што ќе следат ќе покажат дали нѐ лаже чувството.
Не велиме ни дека сме во право. Не користевме ВАР за да полемизираме, можеби и вчера и денеска судиите беа во прави, а нас не лаже чувството дека сме оштетени.
Малку недостасуваше дебито на Бранко Ангеловски на клупата на Е. Пелистер да биде крунисано со бод против некогашниот европски шампион, а и годинава кандидат за истата титула, полскиот Келце. Но, малку недостасуваше и работите да имаат сосема поинаков тек.
Е. Пелистер, да не звучиме иронично, почна во стилот што го градеше цела оваа сезона и по 17 минути беше 2-9, а десеткуваниот Келце со легендарниот Талант на клупата изгледаше супериорно и без Волф, Алекс, Сичко, Кадах...
Трастарсон беше играчот кој го воведе Келце во мечот, а потоа улогата на кошмар за битолската одбрана ја преземаа Олејничак и Морито. Овие тројца ги ги постгинаа пола од головите за Полјаците.
Остана Е. Пелистер со главата над водата, успеа некако да го отплива првото полувреме и со резултат 8-14 замина на одмор.
Нешто сосема поинакво беше второто полувреме. Е. Пелистер почна да личи на тим каков што очекувавме да биде уште на почетокот на сезоната. Играчите беа тие, но играа поинаку, а и Лесјак добро се снаоѓаше на голот.
За десетина минути, домашните беа во игра (13-16), две минути подоцна беше 15-16 и македонскиот тим беше комплетно вратен во битката за бодови.
Потоа дојдоа моментите поради кои Талант на крајот со очигледна фрустрација го напушти теренот. Неговиот тим не можеше да го надигра Е. Пелистер и да се одвои на безбедна дистанца. Гол за гол се водеше битката со тоа што Олејничак и Морито успеваа да погодат точно во моментите кога се закануваше поголема драма.
И така беше сѐ до 54 минута кога при резултат 19-21 прво Цехте доби две минути, а само што истече неговата казна во 57 минута при резултат 20-21 и Васиљев се пресели на клупата. Првиот пат Полјаците не ја искористија предноста, вториот пат погодија за 22-20, потоа и 23-21 кога точка на натпреварот беше ставен откако не беше досуден фаул над Тајник и освената топка Полјаците лесно ја спроведоа во празната мрежа за конечни 24-21.
На крајот на средбата ракометарите на Келце се радуваа, но нивниот тренер не изгледаше радосно и покрај освоените бодови.
Поврзани вести