Алкалоид со една измена, европско деби на Дамјан Митев

За вечерашниот дуел од ЕХФ Европската Лига, Кирил Лазаров направи една измена во составот во однос на натпреварот со Војводина од првото коло. Младиот кадетски репрезентативец, од генерацијата 2006, Дамјан Митев, кој важи за еден од најголемите надежи на домашниот ракомет ќе добие шанса да игра и на меѓународен натпревар. 
Во тимот во однос на минатиот меч, нема да настапи крилото Дарио Кофилоски. 

Дуелот меѓу Логроњо Ла Риоха и Алкалоид е закажан за вечерва од 20:45 часот и ќе се игра во Спортската сала Ла Риоха во Логроњо. 
Директен ТВ пренос ќе има на МТВ. 

Двете екипи не успеаја во првото коло да освојат бодови, па денешната средба ќе биде втора шанса да го пробијат ледот во Европската лига сезонава. 

Истовремено од оваа група ќе се игра натпреварот меѓу Силкеборг и Војводина. Оваа средба ќе се игра во Данска. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk