Еурофарм Пелистер го совлада Вардар 1961 во дербито, но не успеа го надополни минусот од пет гола од првиот дуел, иако на десетина минути до крајот имаше и плус девет, а на само 12 секунди до крајот имаше и посед на топка и резултат од пет гола разлика што му одговараше.
Последниот напад и контранападот на Вардар, ќе станат дел од ракометната историја на Македонија, а дуелот нема да заборави во догледно време.
По неуспешниот меч, реагираше и навивачката група на Е. Пелистер.
„Катастрофа, дебакл, МИЗЕРИЈА!
Веруваме дека оваа сезона не сме го кажале последниот збор. Додека постои и теоретска шанса, ќе веруваме во неа, а шансите не ни се само теоретски туку и реални. Имаме време за да го свртиме моментумот на наша страна.
ОЧЕКУВАМЕ ПРОМЕНИ!“, стои во објавата на Чкембари.
Што понатаму ако има промени какви ќе бидат тие, ќе се знае наскоро, во секој случај.