Е. Пелистер апелира за фер навивање

Попладнево во Битола кај Еурофарм Пелистер ќе гостува Вардар 1961 на дерби меч кој ќе реши која од од овие две екипи ќе биде прва во групата „Б“ и ќе пренесе еден бод повеќе од ривалот во Плејоф групата што ќе се игра во втората половина од првенството.

Во моментов Вардар 1961 е прв со три бода повеќе и солидна победа од првиот меч од Скопје (30-25). Но, денеска Вардар 1961 е со проблематичен ростер во кој најавено се неизвесни дел од ракометарите. Тоа ги зголемува шансите на актуелниот шампион да ги анулира тие пет разлика од Скопје. Битолскиот клуб апелира до своите навивачи да бидат коректни и да “ не се реагира недостојно на евентуални провокации и однапред смислени можни сценарија“, за кои се надеваат дека ќе ги нема. 

Прочитајте го соопштението на Еурофам Пелистер пред мечот. 

Почитувани љубители на спортот и ракометот, верни навивачи
Во пресрет на денешниот првенствен ракометен натпревар помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961, апелираме и Ве замолуваме сите кои ќе бидете денес во спортската сала Боро Чурлевски, со своето фер и коректно спортско навивање и бодрење на својот тим да придонесете натпреварот да се одигра во спортска и фер атмосфера и уште еднаш да докажеме дека нашата сала и нашиот град со право го носат епитетот ХРАМ НА РАКОМЕТОТ.
Во име на клубот, упатуваме апел и замолуваме да не се реагира недостојно на евентуални провокации (да се надеваме дека ќе ги нема) и однапред смислени можни сценарија. Како клуб ги превзедовме сите организациони мерки за квалитетно и непречено одигрување на натпреварот. Денес ние сите заедно (играчи, стручен штаб, управа и навивачи) на терен треба да покажеме кој е македонскиот ракометен шампион и која е најдобрата публика на светот. Затоа ајде сите заедно, спортски, фер и коректно да издвојуваме една голема победа на нашиот клуб.
РК Еурофарм Пелистер
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk