ГРК Тиквеш елиминиран од ЕХФ Куп

КРЕМС - ГРК ТИКВЕШ 33-25 (17-13)
Прв натпревар: 29-33
ГРК ТИКВЕШ: Гемаљевиќ, Анастасовски 5, Лазов 2, Мијатовиќ, Темелковски 1, Велков, Стефановиќ 2, Лазов, Манасков 3, Органџиец, Шулески, Коцев, Симиќ 5, Мајиќ 5, Обина 2

Екипата на ГРК Тиквеш е елиминирана од ЕХФ Куп. Кавадарчани вечерва во Австрија бранеа позитива од четири гола од екипата на Кремс, завршија со пораз од 10 гола разлика. 

Една од најважните работи, кога се брани предност, особено „лесно“ достижна како што е на пример предноста од четири гола и тоа на гостински терен е подобро да го отвориш натпреварот од противникот. 
Макар се работело само за гол предност. На тој начин притисокот се зголемува кај противникот и се отвораат разни комбинации да се казнуваат грешките. И во првите 5-10 минути мора да се вложи се што се има од арсеналот. 
Јасно, треба да се има предвид дека и противникот го сака тоа за себе, па колку станува и игра на нерви. 

Кавадарчани отпатуваа во Австрија со четири гола предност, а по нецели 10 минути на семафорот беше 6-1 за домашниот состав. Предноста за која жестоко се бореа 60 минути во Кавадарци, беше веднаш потрошена. Натаму мечот влезе во рамнотежа, но домашниот тим имаше безбедна разлика и времето работеше во нивна полза. 
ГРК Тиквеш грчевито се бореше околу границата од 3-5 гола, а со оглед дека веќе не важи правилото гол во гости, за седмерци му беше доволен и пораз од четири гола. 
Таква беше негтивата на полувреме (13-17). 

Во вториот дел, одново сѐ тргна наопаку за македонскиот тим. Разликата веднаш порасна на плус шест, па сега кавадарчани беа тие што мораат да бркаат, а Австријците да ги чекаат грешките. И за волја на вистината, не чекаа долго. 
По десет минути стана осум разлика, потоа црвен картон заработи Стефановиќ, па имаа плус девет домашните, водеа и со 31-19 и конечно ГРК Тиквеш мораше да се помири со судибната. 
 Годинешната евро-авантура која по 13 години се врати во Кавадарци траеше само два натпревари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk