Суперлига: Езерско дерби, Аеродром - Куманово... Каде да гледате?

Викендов продолжуваат натпреварите од првото коло од вториот круг, односно осмото коло во Суперлигата, во двете групи.
Во исчекување на веќе контроверзниот почеток на големото дерби меѓу Е. Пелистер и Вардар 1961 што треба да се игра утре, денеска во понудата се главно натпревари на кои би можеле да одвоиме („благи“) фаворити. 
Таквата улога ќе им ја доделиме на Аеродром кој точно на пладне почнува меч со Куманово, потоа на Бутел Скопје против Прилеп, на Охрид во езерското дерби со Струга и финално, Тинекс Пролет на гости во Неготино. 

Екипите на Алкалоид и Скопје играа вчера (38-25), а ден претходно одиграа и Е. Пелистер и ГРК Тиквеш (28-32). 

Сите натпревари ќе можете да ги следите преку видео пренос на Јутјуб страницата на Ракометната федерација на Македонија. 

ЛИНК ЗА ВИДЕО ПРЕНОСИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ВО СУПЕРЛИГАТА 

21.10.2023 - САБОТА
12:00 часот РК АЕРОДРОМ - МРК КУМАНОВО
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ - РК ПРИЛЕП
18:30 часот ГРК ОХРИД - РК СТРУГА
18:30 часот РК ВАРДАР НЕГОТИНО - РК ПРОЛЕТ 62

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk