Летонци ќе му судат на Алкалоид во Шпанија

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги номинираше летонските судии Иварс Чернарвскис и Едмундс Богдановс на натпреварот од второто коло од ЕХФ Европската лига во кое македонскиот вицепрвак Алкалоид ќе му гостува на шпанскиот претставник Логроњо Ла Риоха.
Делегатот на овој натпревар е Марко Бранди од Италија. 

Овој натпревар ќе се игра во вторник во Спортската сала Ла Риоха во Логроњо, објект со пријавен капацитет од 3800 седишта. Почетокот на мечот во во вторниот, вечерен термин од 20:45 часот. ТВ преноси ќе има на МТВ 3 и на Арена Спорт. 

Во ЕХФ Европската лига во второто коло, од Македонија имаме еден судиски пар и еден делегат номинирани да бидат дел од овие натпревари.
Судискиот пар Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе го судат натпреварот меѓу Извиѓач и Фуксе Берлин. 
Делегатот Марјан Начевски е номиниран за натпреварот меѓу Нексе и Брага.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk