Алкалоид ја продолжи суперлигашката доминацијата

РК АЛКАЛОИД - РК СКОПЈЕ 2020  38-25 (21-10)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски. Делегат: Марјан Огњановски
РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Џонов 3, Младеновиќ 1, Серафимов 1, Стојчевиќ 3, Стојковиќ 6, М. Митев, Ѓоргиев 5, Галевски, Велковски, Омерагиќ 2, Бинго, Кофилоски 2, Петковски 6, Д. Митев 3, Савревски 6
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 10 мин.
РК СКОПЈЕ 2020: Стојкоски, Фидановски, Мишевски, Чакалиќ 1, Тркалевски, Јакимовски 1, Шокоски 9, Митиќ 8, Ристовски, Стојкоски, Фичороски 3, Грујовски, Стојановски 1, Киселовски 1, Рангелов, Стојановски
Седмерци: 3/6 Исклучувања: 2 мин. 

РК Алкалоид по втор пат сезоната го совлада тимот на РК Скопје и одново се одвои сам на врвот на табелата во групата „А“, откако за момент ГРК Тиквеш по синоќешната победа над Е. Пелистер 2 се изедначи со нив на првото место.
Како увертира на првото офцијално европско гостување закажано за во вторник, РК Алкалоид вечерва играше со комбиниран состав во кој шанса да се покажат добија повеќе играчи, а со по шест постигнати голови се издвоја Марко Стојковиќ, Давид Савревски и Александар Петковски. 

РК Алкалоид водеше во текот на целиот меч. Поизрамнето беше во почетната фаза од натпреварот, 3-2, 5-4, 8-6... а потоа разликата со серија од 4-0 се зголеми од 9-7 до 13-7, потоа до крајот полувремето комплетно доминираше РК Алкалоид и на одмор замина со 11 голови предност (21-10). 

Во вториот дел беше порелаксирано, а предноста на РК Алкалоид се искачи на максимално 15 гола разлика во неколку наврати, за конечно, мечот да заврши со победа од 38-25.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk