Е. Пелистер не прифати одложување на дербито!

Големото дерби во македонскиот шампионат, дуелот меѓу Е. Пелистер и Вардар 1961 останува на програмата според предвидениот термин, во недела. 
РК Вардар 1961 побара одложување на натпреварот затоа што во нивните редови има голем број на ракометари кои се зафатени со вироза. 

Ова барање на Вардар 1961 можеше да биде реализирано според членот 13 ставот 5 од пропозициите во кој се вели дека причина за одложување може да биде:
- Писмено барање и договор на двете екипи со образложение за причините на одлагањето. 

Но, битолчани сметаат дека услови за одигрување на натпреварот има и повикувајќи се токму на членот 13 став 5, го одбија барањето на Вардар 1961 да се одложи овој меч, па така „црвено-црните“ во недела ќе треба да се појават во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. 

Почитувани

Со особена загриженост ја примивме веста за вироза во таборот на нашиот следен противник во групата Б на Суперлигата, Вардар 1961 од Скопје. Изразуваме желби и надеж за што поскоро оздравување и вистинска спортска борба на најдобрите тимови на Еурофарм Пелистер и Вардар 1861 в недела попладне во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Според членот 13, став 5 од пропозициите за натпревари во Суперлигата, постојат услови за одигрување на натпреварот Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 и ние, како и секогаш, максимално ќе се придржуваме кон пропозициите. 

Веруваме дека противникот ќе се екипира во потребниот рок, ќе пристигне во Битола и ќе го пречекаме и угостиме како и секогаш – коректно, спортски и во духот на фер-плејот.

Спортски поздрав
РК Еурофарм Пелистер

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk