Војводина го купува бисерот создаден во Металург

Српскиот ракометар и репрезентативец Стефан Додиќ е пред потпис со Војводина и најверојатно од јануари ќе ја смени клупската средина и Целје ќе го замени со Нови Сад. 
Така велат српските медиуми и очекуваме наскоро и формално да биде објавен овој трансфер. 

Војводина и Алкалоид играат во иста група во Европската лига. Веќе го одиграа првиот меч, а возвратниот меч ќе се игра во втората половина на ноември во Нови Сад. 
Стефан Додиќ нема да се сретне со македонските ракометари кои му се многу добро познати. 

Додиќ е момче што израсна во „Автокоманда“ и е пример за посветеност и пожртвуваност на овие простори. Веруваме ја знаете неговата приказна, уште како ученик во основно училиште неговиот татко секој ден ги носеше заедно со брат му Лазар од Врање во „Автокоманда“ за да тренираат под команда на Лино Червар, а по тренин ги враќаше назад во 100-тина километри оддалечениот српски град. И тоа не траеше толку кратко, а потоа двете момчиња се преселија во Скопје и тука, во Металург, ја продолжија кариерата. 

Со Металург се случи тоа што се случи, а Додиќ прво замина во Охрид, а потоа потпша за полскиот шампион Келце. Не заигра за тимот на Душебаев, се врати накратко во Вардар, од каде замина за Загреб и од таму во Целје. 
На минатото јуниорски светско првенство беше прогласен за најкорисен играч. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk