Загреб - Е. Пелистер, каде да гледате?

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва го игра својот дуел од петтото коло од Лигата на шампионите во кое гостува во Загреб. 
Оваа средба ќе се игра со почеток од 18:45 во Арена Загреб. 

Директен ТВ пренос ќе има на МТВ3 и на Арена Спорт 2. 

Во пресрет на натпреварот, Ненад Костески, македонскиот репрезентативец и бивши член на Загреб, вака коментираше:

„Видливо е дека формата оди во нагорна линија, одиграме два одлични натпревари по ред. Ни следи Загреб, противник со кој мора да играме максимално, затоа што беа перфектни на последните два домашни натпревари. Ги анализираме, нема да биде лесно, мора да бидеме на 100% и дај Боже да се израдуваме на првите бодови.

Бев дел од Загреб, имам убави спомени и тоа ми беше голем чекор напред во кариерата. Доста млад потпишав за голем клуб кој секоја година игра во Лигата на шампионите. Тие се организиран клуб, од кој може да се научи и да се напредува. Од таму носам само убави спомени.

Сите ракометари на Загреб се екстра, но Дибиров, Чупиќ и Моралес даваат голем придонес. Тие се голема опасност по нашиот гол. Се спремаме и ги анализиране нивните последни натпревари и се надевам дека со победа ќе се вратиме од Загреб. 

Ја имаме нашата прекрасна публика која секогаш е со нас и е наш осми играч. Нè радува што еден дел од нив ќе дојдат и ќе нè бодрат во Загреб. Ќе се обидеме да ги наградиме со победа и гледачите пред малите екрани и присутните во салата.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk