Нов клуб за „вардарецот“ Дизингер, ќе го гаси фенерот во Унгарија

Поранешниот германски репрезентативец и член на шампионската генерација на Вардар, Кристијан Дизингер конечно најде нов клуб за себе по кратката авантура на Блискиот исток во која играше за екипата на Ал Духаил. 

Дизингер е нов член на унгарскиот тим Плер Будимпешта. Оваа екипа мораше да ангажира засилување затоа што по шест одиграни кола е закована на дното на унгарската лига со еден нерешен резултат и пет порази и е единствениот што што сѐ уште нема победа во првенството. 

Дали Дизингер ќе го спаси Плер, ќе биде мисија што повремено ќе ја следиме и ние. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk