Крај на една голема кариера!

Легендата на полскиот ракомет, левиот бек Михал Јурецки го раскина спогодбено договорот Азоти Пулави, клубот во кој ги мина последните три години и реши да ја прекине пребогатата кариера. 

Михал Јурецки оваа одлука ја донесе на 38 годишна возраст. Во кариерата има освоено три медали со репрезентацијата на Полска, сребро од ЕП и два бронзени медала од СП и има полуфинале на ОИ 2016. На клупски план, стана европски првак со Келце. 

Во Македонија добро го паметиме Јурецки, првенствено од дуелите меѓу Металург и Келце што своевремено ги полнеа салите и во Скопје и во Келце, а и со репрезентацијата на Полска немаме многу добри спомени со него. 

Откако не можеше да го следи ритамот на Душебаев во Келце, пред три сезони Јурецки замина во Пулави да игра на малку порелаксирано ниво, но и на то му дојде крајот и од денеска официјално е ракометен пензионер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk