Кореја го запре патот на Брестовац кон Париз

Денеска почнаа олимписките квалификации во Азија, а таму имаме претставник на клупата на Обединетите Арапски Емирати.
Данило Брестовац ја презема не толку одамна за да направи големи промени оваа репрезентација. ОАЕ има и исклучително тешка група во која се и домаќинот на квалификациите Катар, потоа Јужна Кореја, Кина, С. Арабија и Индија. Двете првопласирани одат во полуфинале на турнирот.

Првиот противник на ОАЕ беше екипата на Јужна Кореја, најзвучното име во азискиот ракомет и очекувано славеа побеа од 29-23. 
Ова во пракса значи крај на олимпискиот сон, иако има уште многу да се игра. Но, имајќи предвид дека таму се Катар и С. Арабија, а ОАЕ, сепак, не во рангот на Топ 4 азиски репрезентации и ваквиот епилог не е изненадување. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk